По информациите на синоптичарите дека од утре следува намалување на температурите, министерството за труд и социјална политика ја повлече забраната за работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Од министерството за труд и социјална политика информираат дека и понатаму ќе се следи состојбата и ќе се преземаат сите мерки со цел запазување на безбедноста и здравјето при работа. Доколку територијата на Република Македонија повторно биде зафатена со топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ќе излезе со адекватни препораки.

OhridNews