Безживотно тело на маж на возраст од околу 70 години денеска претпладне било пронајдено во месноста Горица покрај пат кој долги години е вон употреба.
На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полиција. Според првичните информации од истрагата на мртвото тело не биле забележани траги на насилство, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
По наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција.
OhridNews