Како што информираат од СВР- Охрид, денес, во раните утрински часови, од тераса од зграда на улицата „Гоце Делчев“ паднала повозрасна жена, родена 1942 година .

До несреќниот случај дошло, додека жената ставала алишта да се сушат на терасата која била без ограда, при што изгубила рамнотежа и паднала во тревникот од зградата.

Жената се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а потоа и во Општата болница во Струга.

OhridNews