Повратникот во Премиер лигата, Мидлзброу со реализираните шест трансфери испрати порака дека нема намера да се бори за опстанок туку за нешто повеќе во англискиот фудбал.
Најнов фудбалер меѓу „црвено белите“ е поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Алваро Негредо кој е на позајмица од составот на Валенсија.
Менаџерот на Мидлзброи, Аитор Каранка не го криеше задоволството од постигнатиот договор со екипата на Валенсија за позајмица на Негредо.
– Тој е одличен и искусен фудбалер. Нам во првата сезона ни требаат токму такви фудбалери кои ќе можат да понесат товар кога е најпотребно. – рече Каранка на промоцијата на Негредо.
Нови фудбалери покрај напаѓачот се Антони Бараган, голманот Виктор Валдес, Мертен де Рон, Виктор Фишер и дефанзивецот Бернардо Еспиноза.
OhridNews