Како што информираат од министерството за внатрешни работи, 78- годишниот жител на Охрид, кој вчера беше пронајден мртов во село Рајчица- Дебарско, починал од здобиена повреда со остро сечило.
По извршениот увид од страна на истражен судија, јавен обвинител и екипа од дебарската полициска станица и извршената обдукција, утврдено е дека смртта настанала како последица од здобиена повреда од остро сечило (коса) во пределот на белите дробови и срцето. Со семејството на починатиот обавен бил разговор и истите не се сомневале дека смртта е предизвикана од друго лице, по што телото им било опредадено за погреб, соопштуваат од МВР.












