Одбранбениот фудбалер на Арсенал и француската селекција, Лорен Кошчиелни ќе го пропушти Мундијалот во Русија, откако ја повреди ахиловата тетива на реванш мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на Европа.

Капитенот на „топчиите“ падна како покосен на теренот иако околу него немаше никој, а од игра повлечен беше на носилки. Над францускиот репрезентативец одма беа извршени лекарски прегледи и констатирано беше оштетување на ахиловата тетива. Според првите предвидувања Кошчиелни ќе паузира шест месеци.

Селекторот на „триколорите“, Дидиер Дешамп има голем избор на дефанзивци, но Кошчиелни заедно со Рафаел Варан беа првиот избор за стоперскиот тандем пред голот на Хуго Лорис.

Мундијалот во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули, а Франциј во групата се наоѓа со Австралија, Перу и Данск.а

OhridNews