Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл ќе отсуства неодредено време по повредата на мускулот од левата нога на дуелот со Шахјтор во Лигата на Шампиони.
Членот на Реал Мадрид играта ја напушти во 31-та минута, со помош на лекарската екипа, а изразот на неговото лице доволно говори за сериозноста на повредата.
„Кралскиот клуб“ со кратко соопштение до јавноста информираше дека Бејл ќе отсуства, но не наведе колку ќе биде надвор од терените.
Сепак, отсуството на Бејл нема потреба да го загрижува Рафа Бенитез бидејќи Кристијано Роналдо се наоѓа во животна форма постигнувајќи осум голови во два натпревари.
Мх.П.