Навивачите на Тотенхем можат да издишат откако лекарите од клубот обелоденија дека повредата на Герет Бејл не е сериозна.

Велшанецот од терените ќе биде отсутен две недели, а со сигурност ќе го пропушти реванш натпреварот од Лигата на Европа против Базел.

Белј се повреди при еден дуел со противнички фудбалер, а сликата на “Вајт Харт Лејн“ беше многу загрижувачка кога го изнесоа на носилки и му предвидуваа долга пауза.

Мх.П.