Фудбалерот на Хул, Рајан Мејсон принудно на 26 години ја заврши фудбалската кариера. Причина за повлекувањето од фудбалот е повредата на Мејсон која ја доби после дуелот со Гери Кејхил на мечот помеѓу Челси и Хул.

Тогаш, докторите со брзата интервенција му го спасија животот и го извлекоа од најлошото. После година дена докторите му забранија да игра фудбај, која фудбалерот мора да ја почитува.

– Се обидов на сите начини да закрепнам и да се вратам на теренот, но докторите ме советуваа да не играм повеќе. јас морам нив да ги послушам, бидејќи тие се најзаслужни што јас сум жив. – изјави фудбалерот.

Мејсон во младинската конкуренција ги поминал сите категории во Тотенхем, а во кариерата успеа да запише настап во дресот на „гордиот аблион“.

OhridNews