Подготовките на Ливерпул завршуваат, почетокот на Премиер лигата се наближува, а проблемите на Јирген Клоп се зголемуваат, откако новата голманска аквизиција Лорис Кариус ја скрши раката.


Кариус ја скрши раката тренинг при судар со хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен. Сигурно од терените голманот ќе отсуства два месеци.

Потенцијалниот германски репрезентативец во Ливерпул пристигна од Мајнц за сума од 6 милиони евра и веднаш се наметна за прв избор на голот.

Местото на повредениот Кариус ќе го заземе Симоне Мињолет, а резерва ќе биде искусниот голман Алекс Манингер.

Клоп исто така за почетокот од првенството го изгуби Марко Грујиќ кој на дуелот со Челси во Америка доби потрес на мозокот.

OhridNews