Триумфот над Милвол (6-0) и пласмот во 1/2 финалето во ФА Купот скапо може да го чини тимот на Тотенхем, откако потешко се повреди првата виолина во екипата, Хари Кејн.


Англискиот репрезентативец на Вајт Харт Лејн се повреди по само десет минути игра, а првите прогнози не се баш најдобри за негово брзо опоравување и враќање на теренот.

Кејн сезонава е вистински лидер на „петлите“ во Премиер лигата. Со 19 голови напаѓачот ја зазема првата позиција во листата на стрелци и го „чува“ својот тим на второто место на табелата.

Без него во составот фудбалерите на Тотенхем ќе имаат тешка задача, бидејќи допрва во Англија престојат вистинските возбудувања и мечевите кои живот значат.

OhridNews