Недела дена пред почетокот на мечевите од Премиер лигата екипата на Ливерпул доживеа големо разочарување, откако поради повреда Адем Лалана ќе паузира цели три месеци.

Англискиот репрезентативец се повреди во финалето на Ауди купот во Минхен против Атлетико Мадрид, кое „црвените го изгубија на пенали.

Повредата и паузата на Лалана ќе биде голем удар за плановите на Јирген Клоп, кој ќе мора да бара друго решение за офанзивната позиција во екипата.

Покрај 29-годишниот фудбалер на Ауди купот во Минхен се повреди и Даниел Стариџ, но тој брзо ќе му се приклучи на екипата и ќе биде на располагање за почетокот на новата сезона.

Во првата рунда „црвените“ гостуваат на „Викариџ Роуд“ кај екипата на Ватфорд.

OhridNews