Шансата за настап на Мауро Икарди во дресот на Аргентина на Мундијалот во Русија се уште постои, откако поради повреда на вкрстените лигаменти недела дена пред почетокот отпадна фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланцини.
Најдобриот голгетер на Интер не се најде ниту на поширокиот список од селекторот Хорхе Сампаоли, но повредата на Ланцини широко ја отвара вратата за Икарди кој не може да се пофали со констатност во националниот дрес.
Аргентина првиот меч на СП го игра на 16 јуни против Исланд, а Сампаоли го има последниот збор околу замената за повредениот Ланцини.
Ланцини кој во Вест Хем се пресели од Ал Џазира покрај Мундијалот во Русија сигурно ќе го пропушти почетокот на сезоната во Премиер лигата.
OhridNews