Повредата на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е посериозна од првите прегледи и од теренот место пет недели ќе отсуствува три месеци.
Тој се повреди на квалификацискиот натпревар меѓу Хрватска и Италија, кој заврши без победник 1-1.
Фудбалерот на Реал Мадрид со болни гримаси на лицето го напушти „Сан Сиро“, а се работи за повреда на колкот на левата страна.
Модриќ ќе го пропушти клупскиот Мундијал, кој се игра во декември и околу петнаесет мечеви на Реал Мадрид во сите конкуренции.
Мх.П.