Кристијано Роналдо, кој поради повреда го пропушти првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, против Манчестер Сити, би можел да пропушти уште неколку натпревари, бидејќи поведата не била наивна.
Фудбалскиот портал goal.com, пренесува дека по прегледите со магнетна резонанца, било дијагнистицирано дека Кристијано Роналдо има раптура, а не истегнување на мускулот.
Роналдо се повреди во финишот на натпреварот со Виљареал, одигран пред осум дена, поради што го пропушти мечот со Рајо Ваљекано.
Тој тренираше самостојно ден пред натпреварот со Манчестер Сити, а тренерот Зидан тврдеше дека напаѓачот е целосно подготвен. Но во Манчестер, Роналдо не само што не настапи за својот тим, туку воопшто не беше во протоколот за натпреварот.
Веднаш по мечот шпанските медиуми објавија дека, според сé изгледа најдобриот стрелец во Лигата на шампионите нема да игра ниту во реваншот против Сити.
Роналдо и Реал влегуваат во трка со времето, реваншот со Сити е наредната среда, а сигурно е дека тој нема да биде во составот на мадрискиот тим на саботното гостување кај Реал Сосиедад.
OhridNews