Напаѓачот Дени Велбек му се придружи на својот соиграч Алекс Окслејд Чемберлејн на листата на повредени играчи во Арсенал по мечот со Манчестер Сити во Премиер лигата.


Велбек во 24-та минута поради повреда предвреме го напушти дерби натпреварот на Етихад и донесе нови неволји за англискиот селектор Рој Хоџсон кој го планираше напаѓачот за ЕП во Франција.

Сериозноста на повредата и потребното време за опоравување на Велбек ќе биде соопштено по деталните прегледи во Лондон.

Единствена причина за радост англискиот селектор има тоа што токму на местото од Велбек во игра влезе Џек Вилшер кој настапи по подолго време сезонава.

Хоџсон, неделава треба да го објави поширокиот список, а десеттина дена пред почетокот на ЕП ќе ги објави 23-та фудбалери кои ќе го носат националниот дрес во Франција.

OhridNews