Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Батра се врати на тренинзите, откако целосно се опорави од повредите добиени од бомбашкиот напад пред 1/4 финалниот натпревар со Монако.


Клупскиот автобус на „милионерите“ со три бомби беше нападнат додека се движеше кон стадионот, а шпанскиот фудбалер го извлече најдебелиот крај и хитно докторите му ја оперираа раката која настрада при кршење на прозорците.

– Се вратив на тренинзите и се надевам дека оваа и следната недела веќе ќе настапам за екипата. После неколкуте титули со Барселона имам можност да освојам трофеј и со Борусија во Купот и сакам таа шанса да ја искористам. Јас со титулата од Купот во рацете ќе биде победа, не само за мене, туку и за фудбалот кој беше искористен на многу погрешен начин. – изјави Бартра.


Пораки со поддршка за Бартра упатија речиси сите негови поранешни соиграчи, а „милионерите“ и „жолтиот ѕид“ со маички на кои стоеше неговото име истрчаа на теренот на дуелот со Монако.

OhridNews