Капитенот на португалската селекција која го освои трофејот на Европското првенсто во Франција, Кристијано Роналдо најверојатно ќе паузира пет месеци, а не еден како што беше најавено по првите мединцински прегледи.


Роналдо повредата на левото колено по која мораше да ја напушти играта ја доби по дуелот со Дмитри Пајет на средината на теренот.

Без разлика колку ќе паузира Роналдо, еден или пет месеци, ова ќе биде за него прва подолга пауза. Никогаш до сега во кариерата предводникот на „европските бразилци“ не паузирал поради потешка повреда.

Олеснителна околност за Роналдо и неговиот клуб Реал Мадрид кој исто е засегнат од повредата е што е пред почеток на сезоната.

И да отсуствува Португалецот пет месеци ќе биде фит за вториот дел од сезоната каде се кршат копјата за титулите во националните првенства и европските натпреварувања.

OhridNews