Повреден малолетен пешак во сообраќајна несреќа вчера на ул.„Даме Груев“.
Како што информираат од МВР на 27.05.2022 во 20.55 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Даме Груев“ патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од Охрид, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












