На 08.07.2022 во 09.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека од страна на Итната медицинска помош во Болница „Св.Еразмо“ бил донесен повреден 71 годишно лице од с.Пештани, охридско, кој имал здравствени проблеми.
Според пријавеното, лицето околу 05 часот заминал сам во Националниот парк „Галичица“ да собира чај, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, бил пронајден во 09.30 часот од И.Т. од селото Смилево, демирхисарско, на патот Охрид-Стење-Национален парк Галичица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициски службеници, вели Димоски излегоа на местото и се работи на документирање на случајот.
OhridNews












