На 09.11.2025 во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 76-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

OhridNews