Денеска во СВР Охрид е пријавено дека во 08:00 часот на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„15 Корпус“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Охрид и велосипедист, 68-годишен, од охридското село Велгошти.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews