Велосипедист на возраст од околу 60 години е повреден во сообраќајна несреќа, која попладнево се случила на стариот пат Охрид-Струга.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до несреќата дошло кога патничко моторно возило марка „Форд“ удрило во велоспедистот.

Повредениот е префрлен во болницата „Св. Еразмо“, а увид на лице место е извршено од страна на СВР Охрид.

OhridNews