Oперативниот центар на Планинската спасителна служба Охрид (ПСС) утрово добил аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб.
Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција, велат.
Во меѓувреме, додаваат, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер.
За среќа, пред 30 мин. беше полетан хеликотер на МВР, кој во содејство со припадници на Специјалната антитерористичка единица се на пат до местото на настанот, а тимот на ПСС се повлекува од терен, посочуваат.
OhridNews