На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 76-годишно лице од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишно лице од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 48-годишно лице од с.Грешница, кичевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „цитроен“, 79-годишен од с.Грешница, кичевско, додека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници 45-годишно лице од с.Грешница, 76-годишно лице од Прилеп, 34-годишна жена и нејзините две малолетни деца, сите од Скопје, констатирани во Медицински центар Кичево, информираат од СВР Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
OhridNews













