На 21 јули во 08.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Битола, кај с.Опеница, Охридско, 57 годишно лице од Свети Николе, управувајќи патничко возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатничката (56) од Свети Николе, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews