Во инциденти надвор и во Собранието на Република Македонија каде беше донесен Буџетот за 2013 година, повредени се неколку пратеници од опозицијата. Како што тврдат пратениците од опозицијата, по насилното отстранување на новинарите од собраниската галерија, во салата за седници влетале 50-на полициски специјалци во цивилки кои започнале да ги тепаат и влечат за под. Неколку пртеници во турканицата биле повредени и им била укажана лекарска помош.

Тензично беше и пред Сонбранието каде во еден момент демонстрантите од опозцијата го пробија полицискиот кордон и тргнаа кон протестантите од другата страна. Притоа интервенираше специјалната полиција при што неколкумина демонстранти се повредени, а повеќе учесници во толпата се приведени, поради сомнение за напад и попречување на службени лица, како и непристојно и дрско однесување, соопшти полицијата.

На повреди се пожалиле и 11 полициски службеници на кои им била  укажана медицинска помош.

-Полициските службеници заради спречување на толпата насилно да влезе во Собранието на Р. Македонија, употребија и средства на присилба по што ги одвратија од намерата за незаконски упад во зградата. Во текот на наредните денови ќе бидат прегледани снимките и против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави.-се вели во соопштението на МВР.

Полицијата излезе со официјално соопштение за интервенцијата во Парламентот.

-Во зградата, врз основа на наредба на Претседателот на Собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељановски, согласно Законот за Собрание на Р. Македонија, со која беше побарано создавање услови за одржување на веќе закажаната Седница, собраниското обезбедување презеде мерки и активности согласно законските овластувања за да обезбеди услови пратениците да постапат по обврските кои ги имаат, се произлегуваат од мандатот што им го доверија мнозинството граѓани на Република Македонија на непосредни, демократски избори.

При постапувањето, дел од членовите на собраниското обезбедување се пожалија дека не само што биле попречувани во извршувањето на службените задолженија, туку и биле предмет на вербален и физички напад од страна на некои пратеници. Освен заканите и навредите кои им биле упатувани, вработените во обезбедувањето биле влечени за коса, туркани и гребени.

Сепак собраниското обезбедување успеа воздржано да реагира и почитувајќи ги професионалните стандарди, да воведе ред во собраниска сала. Со професионалното постапување создаде соодветни услови за функционирање на Собранието, обезбедувајќи можност пратениците непречено да работат.

Дополнително ќе бидат обезбедени материјалите од собранискиот безбедносен-видео надзор и врз основа на нив ќе биде донесена одлука околу натамошното постапување.-стои во соопштението на МВР.

OhridNews