Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој доби поштеда и поради повреда беше ослободен од репрезентативните обврски, беше два пати прецизен на денешиот тренинг меч во Наполи. Сениорскиот тим со 4-0 го совладал младинскиот тим, а покрај Пандев, голови постигнале Маскара и Досена.

Пандев беше редовен кај Јонуз
Пандев кој во Охрид допатува и веднаш го напушти кампот беше ослободен по прегледот на докторот на репрезентацијата Виктор Камиловски. –  Пандев има повторена повреда од пред еден месец, и тоа доста сериозна повреда на задната ложа, каде што мускулното ткиво е расцепено цели десет сантиметри. Неговата повреда бара подолг временски терапевтски третман – рече Камилоски.
И селекторот Тошак кој на пресконференцијата во Охрид најчесто одговараше на новинарските прашања со „No coment“ изрази жалење што го нема Пандев во составот, кој досега само еднаш му се ставил на располагање на Велшанецот.
М.П.