Од СВР Охрид информираат дека вчерашната незгода во која беше повреден параглајдерист се случила околу 14,50 часот, при што случајот бил пријавен од страна на вработени во Националниот парк „Галичица“.

Во пријавата било наведено дека лицето со параглајдер паднало на планината Галичица, кај месноста „Баба“, по што екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш се упатила на посоченото место, а била известена и планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

На местото бикано „Баба“,во контактибилна состојба било затекнато 37-годишното лице од Киев-Украина, кое претходно летало со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубило висина и паднало.  Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

OhridNews