На 25.08.2025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за приватна градежна фирма на објект во изградба, а каде што бил на пракса по претходен договор со средно училиште. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

OhridNews