Во пекара во Охрид, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“, вчера во 15.45 часот нарушен бил јавниот ред и мир со вербална расправија помеѓу едно лице од Прилеп и едно од Радовиш.

Како што информра портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, караницата прераснала во физичка пресметка при што прилепчанецот се заканил со дрво а лицето од Радовиш со кујнски нож. Сакајќи да го одземе ножот, прилепчанецот со десната рака го фатил сечивото од ножот при што се здобил со расекотина на шаката.

Тој, со возило од Брза помош Оливер е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди- пресечени тетиви и крвни садови и е задржан на понатамошно лекување. На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

OhridNews