Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доби зелено светло да се натпреварува на Олимписките игри во Рио иако не ги исполнува критериуми.
Учеството на шампионот од Пекинг 2008 година беше доведено под знак прашалник откако во период од четири години не одигра натпревари колку што се потребни.
Надал, кој тенис нема играно од повлекувањето во второто коло на Ролан Гарос ја доби жалбата и се најде на листата учесници која меѓународната тениска федерација ги објави.
30-годишниот тенисер кој на Олимписките игри 2012 во Лондон не учествуваше поради повреда ќе биде знаменосец на игрити кои од 5 до 21 август ќе се одржат во Рио.
Надал на Олимписките игри ќе се натпреварува поединечно и во двојки, а негов партнер ќе му биде Марк Лопес.
OhridNews