Тешките повреди на главата и градите биле фатални по животот на Емилијано Сала во авионската несреќа која го шокираше и соедини спортскиот свет. Телото на аргентинскиот фудбалер пронајдено беше во трупот од авионот кој беше на дното од каналот Ла Манш, додека од телото на пилотот Дејвид Иботсон се уште не е пронајдено.

Телото на Сала идентификувано е со отисок од прст, а обдукцијта покажала дека фудбалерот починал на лице место од тешките повреди. Истрагата која ќе трае повеќе од година дена треба точно да утврди зошто авионот „Пајпер Малибу“ на 21 јануари исчезна од радарот и падна во водите од каналот Ла манш.

Првата потрага не вроди со плод, а привната која беше поддржана од фудбалерите ширум светот го пронајде авионот, но доволно да се констатира смрт на Сала. Фудбалерите повторно донираа средства овој пат за телото од пилотот.

Сала три дена пред кобниот лет потпиша за Кардиф и во Нант отиде да се поздрави со фудбалерите и стручниот штаб.

OhridNews