Операцијата на коленото и најновата повреда на грбот го натераа Рожер Федерер да го откаже учеството на гренд слем турнирот Ролан Гарос.
Отсуството на францускиот гренд слем турнир ќе означи крај на импресивната серија на Швајцарецот кој има 65 последователни настапи на најсилните светски турнири.
Третото место на носител Федерер ќе му го препушти на Станислас Вавринка, а позицијата од актуелниот шампион ќе ја заземе Рафа Надал.
На првите две позиции на АТП листата се наоѓаа Енди Мареј односно Новак Ѓоковиќ.
OhridNews