Најскапото засилување на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија предвреме го напушти мечот со Хул (3-0) откако се пожали на болки на десниот горен мускул.
Тој беше заменат со шпанскиот интернационалец Андер Ерера во 13-та минута, а со сигурност ќе го пропушти мечот со Стоук вторник на Олд Трафорд.
Повредата на аргентинскиот репрезентативец е вкупно 41 во тимот на Манчестер Јунајтед сезонава.
Токму повредите се најголем противник на холандскиот стручњак Луис ван Гал, кој на Олд Трафорд ја живее првата сезона.
Мх.П.