Според Управата за хидрометеоролошки работи, за време на наредните денови, не очекува променливо облачно време со сончеви периоди.

Утре, претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе биде 2 степена, а минималната -4.

На 31-ви декември, ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, ќе имаме во текот на првите два дена од новата година. Максималната температура во Охрид ќе биде од 3 до 6 степени, а минималната од -4 до -3 степени.

OhridNews