Општина Охрид- Проект „ СУСТКУЛТ“ објавува повторен повик за пополнување на административно- технички персонал за потребите на проектот финансиран од Делегацијата на Европската унија во Македонија.

Водечки Партнер на Проектот „Достигнување на одржливост преку интегриран пристап во управувањето со културното наследство – “СУСТКУЛТ“ е градот Венеција, а општина Охрид е партнер во Проектот.

Покрај Општина Охрид, останатите партнери во Проектот се реномирани Универзитети, Истражувачки и Развојни Центри,  Невладини Организации,  Региони и Општини од: Италија, Словенија, Грција, Албанија, Романија и Унгарија.

Главна Цел на Проектот “СУСТКУЛТ“ е подобрување на ефикасноста на управувањето со наследството, одржлив развој на местата опфатени со Проектот преку валоризација на наследство од Југоисточна Европа,  раздвижување на локалната економија и туризмот врз основ на поефикасното управување со културното и природното наследство и нивна соодветна Промоција, како и зголемување на свеста за значењето на наследството и негова заштита.

OhridNews