Од локалната самоуправа информираат дека се организира повторена јавна анкета и јавна презентација за  Нацарт-Детален Урбанистички План за УЗ.18, УБ 18.1 и дел од УБ.18.2, Чекоштина ,оформен е од границата на планскиот опфат: Магистрален пат Охрид-Скопје, Новопроектирана улица и Граница утврдена со Генералниот Урбанистички План Охрид 2002-2012. Повторената Јавна анкета  за Нацрт планот  ќе трае од  19.02.2014 година заклучно со 04.03.2014 година. Повторената Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 24.02.2014 год. во 13 часот. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид  пред големата сала за состаноци.  Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

Повторена  јавна анкета и јавна презентација се организира и за Нацрт-Детален Урбанистички План за УЗ.6 дел од УБ 6.1 опфат 1, плански опфат- Булевар Туристичка, 7-ми Ноември,  Богомилска, Марко Нестороски и улица Даме Груев  Повторената јавна анкета и јавна презентација  за  Нацрт планот  ќе трае од 19.02.2014 година заклучно со 04.03.2014 година. Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 24.02.2014 год. со почеток во 12 часот .

OhridNews