ЈП „Охридски Комуналец” не може да расчисти мини-депонии колку што граѓаните можат да создадат, повторно и повторно, реагираат од претпријатието.
Не измина цел месец откако објавивме за нашите активности за расчистување диви депонии во населбите Даљан и Лабино, каде се подигнати големи количини кабаст и зелен отпад, ситуацијата денес непроменета на истите локации, како да не сме го подигнале сиот отпад кој претходно беше расфрлан. Денеска повторно интервениравме за расчистување на истите локации, посочуваат.

OhridNews












