Режисерката Софија Копола (43) е една од најдобро облечените жени на светот. Нејзините комбинации секогаш се интересни иако се чини дека не се труди премногу. Минимализмот и елеганцијата се главни во совршено изградениот стил на Софија.

На филмскиот фестивал во Кан, Софија е член на жирито, па својата прва комбинација на облека ја покажала уште на дневното случување – претставувањето на жирито. Светло сина кошула со чисти линии во комбинација со црни панталони, едноставни црни балетанки со тенко ременче околу глуждот и црна плик-чантичка – Софија Копола за Луј Витон, ја покажале непретенциозноста на оваа режисерка.

За вечерната премиера на филмот “Grace of Monaco”, Софија избрала облека од колекцијата Pre-Fall 2014 со потпис на Валентино – везена црна туника со долги ракави во комбинација со кратки панталончиња. Облеката ја надополнила со црни сандали на полна пета, скапоцен накит Чопард и вечерна чанта Софија Копола за Луј Витон.

 

извор:moda.hr