Повторно одложен судскиот процес за Веапоска, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата
09.09.25 15:10
Повторно одложено судското рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар. На денешното рочиште требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето, но истото е одложено поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија.
На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.
Јавниот обвинител Ермира Муса-Нура кажа дека исказот на двајцата присутни супер вештаци е доволно за да се разјасни супервештачењето и дека нема потреба од третиот вештак. Таа се спротивстави и на барањето за изземање на судечкиот судија.
Оштетената Веапоска на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и беа отстранети матка, јајник и бубрег излезе разочарана од судницата посочувајќи дека срамно е докторите од супер вештачењето да доаѓаат од Скопје и наместо да има завршни зборови, судскиот процес да се одлага на неодредено. Според адвокатот Сашо Јанев изземањето на судијата е дел од стратегијата на одбраната за одолговлекување и застарување на делото.
Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, трае околу три години, а делото застарува на почетокот од идната година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.
Пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Водици, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден Поради важноста на јавувањето на...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец Наместа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планинит...
На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден Затоа, поради важност...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.