Одлуката за почеток на претпристапните преговори на Република Македонија со ЕУ, ќе бидат разгледани за време на идното, данско претседателство со Европската Унија. Оваа одлука ја донесе Министерскиот совет за општи и надворешни работи, на синоќешниот состанок во Брисел.

Во заклучоците на министерскиот совет усвоени доцна синоќа,  се земени предвид оценките на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, според кои земјата „доволно ги исполнува критериумите и препорачува уште еднаш почеток на пристапните преговори“.

Советот на министрите истакна дека добрососедските односи  и изнаоѓањето заемно прифатливо решение на прашањето за името, остануваат клучни за иднината на Македонија.

Советот, како што се наведува во заклучоците, со нетрпение очекува дека дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и Грција наскоро ќе  донесе резултати.

Заклучоците на Министерскиот совет ќе бидат дел од Самитот на ЕУ кој ќе се одржи во петок во Брисел.

OhridNews