– Како причина за одлагањето се наведува забраната за прогласување стечај на државни компании за време на избори, информира претседателот на синдикатот на ЕМО, Драган Молкоски.Како што тој додава, најверојатно рочиштата ќе се закажат по завршувањето на изборите.
Претходно, како причина за одлагањето беше наведено недоставувањето на финансиски резултати до привремените стечајни управници.
Пред една година Владата предложи план за ревитализација на „ЕМО“ Охрид,кој предвидуваше рационализација на бројот на вработени во компанијата на околу 500 до 600, со цел таа биде конкурентна на пазарот и да се привлечат инвеститори. Планот предвидуваше дел од имотот на АД „ЕМО“ што не е во функција да биде продаден, а средствата од продажбата да се употребат како обртен капитал.
Кон крајот на минатата година, Владата стана сопственик на над 51,5 отсто од акциите на ЕМО АД – Охрид по пребивањето на долгот кон државата со издавање на акции во износ од 4,16 милиони евра.