Повторно одложено рочиштето за случајот со адвокатот Тони Менкиноски против кого во тек е процес за поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш на малиот плоштад во Охрид, за празникот Богојавление.
Подносителите на актот денес повторно не се појавија, а не се појави ни судијата кој постапува по предметот кој како што беше потенцирано бил од вчера на боледување. Од овие причини предметот беше одложен на неопределно време, а за новозакажаниот претрес странките ќе бидат писмено известени.
Прво несериозен е односот, требаше да не известат дека судијата се раболел, не само мене туку и луѓево позади мене. Требаше да кажат дека нема да се одржи судењето. Втората работа која е битна е дека воопшто никој не се појавува на судењата од тие кои го поднеле обвинението. Тие луѓе воопшто не доаѓаат трипати. Доколку имаа доблест можеа да го пренасочат предметот да го земе друг судија. Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците, вели Менкиноски
Очигледно, додава, им е страв бидејќи незнааат како да се справат со овој проблем.
Од една страна сакаат да ме осудат, не сакаат да донесат ослободителна пресуда. А според правото треба да донесат ослободителна пресуда, бидејќи тој што го иницирал актот го нема да се појави и да го образложи во судницата, би било „кадија те суди“ во спротивно „кадија те тужи“. Судијата те тужи судијата те суди. Тоа за жал е што се случува во македонското правосудтсво. Но, ќе издржиме, не отстапуваме, потенцира.
Во поглед на тоа дали предметот може да се одложува до недоглед и каква е судската практика, Менкиноски вели дека уште минатото рочиште кога не се појави подносителот требало да се донесе ослободителна пресуда.
Јас незнам зошто се тактизира. Нас ни е целта да извојуваме победа, да ова сонце кое го гледате, македонското сонце од Кутлеш се вее слободно над секој оној кој себеси се идентификува како Македонец и кој знак го смета за свое културно историско и национално наследство. Ќе одиме до крај, до Стразбур и до други меѓународни институции како Обединети нации…,додава Менкиноски.
И денес не изостана поддршката која граѓаните му ја даваат на Менкиноски при тоа коментирајќи дека случајот е политички наместен и дека ако имавме правна држава, ќе имавме и држава.
Инаку, за денес беше закажна главната расправа, откако претходно на 16-ти јуни беше исто така одложено судењето поради отсуство на претставник од полицијата како подносител на актот.
OhridNews