Најмалку 20 вредни икони, се украдени од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која деновиве повторно беше мета на вандали.

-Вредноста на иконите е непроценлива. Со ова вандалите
го докусурија овој божји храм, стар десет века
, изјави за медиумите намесникот на
Дебарската Парохија, Благија Спироски.

Оваа црква беше ограбена пред четириесеттина дена, кога крадците однесоа 23 вредни икони, плаштеница стара 200-300 години, 9 илјади денари, како и други предмети.

OhridNews