Од денеска до почетокот на октомври повторно пред влезот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворено бесплатно книжевно катче, кое ќе функционира 24 часа.

Лани го имавме првото  искуство од овој вид и охрабрени од позитивните реакции на домашните и странските туристи еве по втор пат се одлучивме да профункционира Отворената бесплатна библиотека.Трезорот на библиотеката е богат со странска литература особено на англиски и германски јазик, но и на мноштво други  јазици. Принципот е едноставен  гостите ќе можат да  позајмат, но и да разменат и остават свои книги  на ново изработените полици за оваа намена, информираат од охридската Библиотека.

Контингентот книги, велат во соопштението, кој секојдневно и по потреба ќе се надополнува е составен од донации на читатели.

На овој начин на туристите им овозможуваме одморот да го поминат во дружба со книгата, додаваат.

OhridNews