Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“, екипи на ТППЕ Охрид на терен се интервенира со механизација за затрупување (дпл)
27.07.24 09:52
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер.Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад.
На депонијата се интервенира во моментов каде на терен е едно возило со двајца пожарникари. Се носи земја со камиони и се покрива. Вклучени се и екипи на ЈП Охридски Комуналец. Синоќа во гаснење на пожарот беа вклучени две возила со 5 пожарникари, информираат од ТППЕ Охрид.
Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.
Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.
Повторно се расчистени мапирани диви депонии од крајбрежниот појас на потегот од Лагадин до село Пештани и подигнат несоодветно депониран отпад, велат од ЈП Охридски Комуналец Овие локации ни се до...
На 27012026 година во 12:30 часот, на улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид Тој во угостителски објект бил агресивен кон вработените и гостите во објектот По ц...
На пригоден настан, што ќе се одржи вечерва, 28 јануари, во „Кадмо бар“, Охридњуз по 12 пат ќе ја промовира Годишната ревија на настани и ќе ги врачи признанијата на успешните охридски приказни кои...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.