Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму сонтоа брзо пристигнаа нивните возачи. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата, вели Ангелов.
Посочува и дека рано утрово пред 4.00 часот избил тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик).
Во пожарот опфатени се повеќе автомобили, улје и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот, додава Ангелов.
OhridNews