Локално невреме проследено со врнежи од дожд, ветер и електрични празнења го зафати попладнево охридско-струшкиот регион. Особено интензивни беа електричните празнења.


Минатата недела Охрид беше зафатен од силно невреме и град. Најмногу настрадаа земјоделските насади во околината на Велгошти кои се целосно уништени, а вкупната штета од невремето сеуште се проценува.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи и утре времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Подобрување на временската состојба се очекува од петок кога живата во термометарот на места ќе се искачи до 32 степени Целзиусови.

OhridNews