Со цел подобрување на здравјето и квалитетот на животот на бремената жена и намалување на здравствените ризици по здравјето на мајката и доенчето, повторно се воведува мајчината книшка.

Како што појаснува министерот за здравство, Никола Тодоров, книшката претставува еден вид протокол кој ги предвидува сите чекори што треба да се преземаат во текот на бременоста и ниту еден не треба да биде пропуштен.Тој додава дека мајчината книшка, заедно со предвидените редовни прегледи, е една од формите за борба против смртноста на доенчињата која според статистиката во првите месеци е во пораст.

Министерството за здравство промовира и брошура за здрава бременост која ќе биде дистрибуирана до матичните гинеколози, а која содржи начин на исхрана, вежби и слично.

OhridNews